Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски-Габриел: Владата е силно фокусирна на реализација на капитални инвестиции

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оддржа работна средба со Бјорн…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оддржа работна средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициона банка, со кој разговараше за реализација на капиталните инвестиции и можноста за финансиска поддршка за истите од страна на ЕИБ, информираат од Министерството за транспорт.

Министерот Николоски истакнал дека Владата преку Министерството за транспорт е силно фокусирана на реализација на крупни капитални проекти што се од економско значење за домашната економија и регионалното поврзување.

Тој изразил благодарност за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува ЕИБ за реализација на капиталните проекти, притоа изрази целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период за проекти од заеднички интерес.

Реклама

„Европската Инвестициона Банка е долгогодишен партнер на Македонија во изградба на капитални добра со кои ја подобруваме инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните“ –  истакнал министерот Николоски по средбата.

Тој верува дека таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период од причина што владината програма предвидува сериозни проекти во инфраструктурата.