Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски ќе разговара со синдикатите за покачување на минималецот, но предупредува дека буџетот во моментов е во катастрофална кондиција

Новата Влада се обидува да биде креативна за да најде пари за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата Влада се обидува да биде креативна за да најде пари за сите – ова е одговорот на премиерот Мицкоски на барањето на синдикатите за покачување на минималната плата на 450 евра. Тој алармира дека претходното раководство ја оставило уништена државната каса, па прашање било како воопшто има пари за редовните исплати. Извесно било да се сретне со синдикатите во првите 100 дена од формирање на Владата, но за нивното барање за зголемување на минималецот,вели дека „треба да си ги пуштиме нозете колку што ни е долга чергата“.

„Во последниве седум години како тајфун да поминал низ државава и не само што ја ограбил, туку и жестоко ја уништил. Се надевам дека во првите 100 дена ќе имам можност да седнам со синдикатите, заедно со министрите за финансии, за економија и труд и за социјална политика демографија и млади, и да поразговараме и да им ги покажеме бројките за да видат со што се соочуваме, а бројките се катастрофални. Ако ви кажам дека недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана од ова дополнително зголемување кое го најавивме и ветивме, можете да разберете за што станува збор“ – рече Мицкоски.

Вчера министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека тој како претседавач со новиот Економско-социјален совет ќе го стави покачувањето на минималната плата како прва точка за расправа со синдикатите и газдите. Синдикатите не отстапуваат. Бараат 450 евра минмалец бидејќи сегашните 367 евра биле најниски во регионот.

Реклама

Она што е извесно е дека со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за пораст на пензиите од септември, како и пари за капитални проекти на општините.

Министерката за финансии вчера најави почетни 100 милиони евра за локалните власти. Вети дека има посебна формула со која ќе се обезбеди рамномерен регионален развој, а ќе има и техничка помош за подготовка на проектите за општините кои имаат проблеми со кадровските капацитети. Со домаќинско работење, вели можат да се заштедат 200 до 300 милиони евра во буџетот и да се искористат за други поприоритетни потреби. Расходната страна на буџетот дополнително ја оптоварувале каматите за земените кредити. Тврди дека претходната Влада го скроила годинешниот буџет врз основа на нереални проценки.