Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Во фокус – Румен Радев редовно им го расипува „ЕУ филмот“ на Ковачевски, Османи и Маричиќ

Бугарска црнина на розевите очила на македонските политичари. Секоја отстапка кон источниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарска црнина на розевите очила на македонските политичари. Секоја отстапка кон источниот сосед, нашите власти ја правдаат со европската иднина и наводна поддршка од одицијална Софија на патот кон ЕУ. Сепак убавите зборови од нашите, редовно ги демантираат нивните бугарски колеги. Во прв ред претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Додека Ковачевски, Османи и Маричиќ се фалеа дека сме почнале преговори со ЕУ, студен туш ни испрати токму Радев.

Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати.

Реклама

Кога Македонија е во прашање, вето изгледа е омилениот збор на бугарските политичари. Па блокадата за Македонија беше главна тема за Радев и минатото лето, кога партиите во Бугарија се обидуваа да состават владина коалиција.

Додека партиите го бараат формирањето на владејачко мнозинство, Кабинетот треба да ги осигура социјалните плаќања и  поддршката за бизнисот, да опстои ветото за Република Северна Македонија, во согласност со рамката на консултативниот совет за национална безбедност и да го осигура функционирањето на државата, изјави Радев.

Додека од источниот сосед секојдневно ни стигнуваат провокации дека сме биле еден народ, односно сите Бугари, како и дека не постоел македонскиот јазик, Радев ни порача дека патот кон ЕУ, ни одел баш преку Бугарија.

Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата. Европскиот пат на Македонија е преку Софија и тоа е патот за решавање на сите проблеми, порачува Радев.

Не само политичарите, дека трновит ќе ни биде европскиот пат ни порачуваат и бугарските медиуми. Бгнес во последната анализа пак ни нагласи тоа што го ријат македонските власти, дека впишувањето на Бугарите во Уставот, ќе ни била најлесната задача за членство во ЕУ, но, после тоа следувале уште работи кои Македонија ќе мора да ги исполни. Исто што претходно ни кажа и Радев.

Францускиот предлог за Македонија е чекор во вистинската насока, но сè уште има прашања што треба да се разјаснат, вели Радев.

Со францускиот предлог кој сите бугарски политичари го прифатија, покрај внесувањето на Бугарите во Уставот, добиваме и други задолженија, а едно од најпроблематичните е што историјата стана дел од преговарачката рамка, па ќе мораме по бугарски вкус да ревидираме историски факти, ако сакаме напред кон ЕУ.

Матеја Петровски