Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Арбен Tаравари ја спасува коалицијата предводена од ДУИ и СДСМ

Немање министри, пропаѓањe на еврообврзница, реконструкција на Владата, ова е цехот кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Немање министри, пропаѓањe на еврообврзница, реконструкција на Владата, ова е цехот кој народот ја плаќа додека двоецот ДУИ – СДСМ се обидува по секоја цена да ја задржи власта.
Фракцијата на интегративците се погласна, потврдуваат – нема да гласаат за нова влада. Влезот на партијата на Таравари, било само обид за спас Груби. Потпретседателот на ДУИ, и лидерот на незадоволните во партијата Меџити вели сето ова се прави за да се потисне нивниот глас.

Ова е една непотребна акробација, непотребен потег кој е повлечен,и за Алијанса, година пред избори е останат само еден буџет да се реализира, нема ни што да покажат ни што да се докажат, чисто е коалиција за дневна политика, да се потисне гласот на различното размислување во ДУИ, вели Изет Меџити – потпретседател на ДУИ.

Фракциите во ДУИ трајно го менуваат политичкиот опус во албанскиот политички блок, сметаат аналитичарите. Сефер Селими вели дека влезот на Алијанса е само заради тоа што во ДУИ меѓусебе не си ги расчистиле сметките.

Секако дека расколот во ДУИ може сериозно да влијае врз политичката сцена на Македонија, токму поради тоа што ДУИ е најголемиот партнер на актуелното мнозинство. Така кревкото мнозинство имаше проблем со осигурување на кворум во парламентот за носење на одлуки, меѓутоа беше доста проблематично и стабилноста на Владата, кога знаеме дека мал број, но со големо влијание во кревкото мнозинство не беше послушно кон раководството на партијата, кога немате стабилна влада секако ќе барате начини како тоа да го надминете и да го стабилизирате, вклучувањето на Алијанса за албанците може да се гледа и низ оваа призма, вели Сефер Селими – политички аналитичар.

Дека ваквите нагли промени во Власта се слулуваат заради ривалството во партијата на Ахмети, вели и аналитичарот Енвер Салихи кој вели дека на идните избори овие премрежја можат да резултираат и со одлевање на гласови на контото на ДУИ.

Сите постапки што тие ги имаат во ДУИ зборат дека тие немаа никаква моќ во ДУИ и тие со тоа нема да се согласат.. Ќе му одлеат голем број на гласови во изборна единица еден и два најмалку по два пратеника би освоиле,вели Енвер Салихи – политички аналитичар.

Реклама


И покрај сите премрежија сепак Ахмети стои цврсто со Груби, дали тоа ќе биде причина за тотално нов полиитчки пејсаж во иднина останува да се види по гласањето за нова влада, но и на идните избори.