Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Нов конкурс за попишувачи со старите проблеми и дилеми

Конечно објавен долго очекуваниот конкурс за попишувачи за престојното пребројување на населението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно објавен долго очекуваниот конкурс за попишувачи за престојното пребројување на населението во септември. Конкурост е објавен на веб страницата на државниот завод за статистика и тој ќе трае дури 15 дена што не беше случај за минатите конкурси кои пропаднаа, оти пописот се одложи, но и не се пријавија доволен број на попишувачи.

„Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, велат од Државен завод за статистика.

Се уште останува отоврено прашањето што доколку и на овој конкурс како и на претходните не се пријават доволно попишувачи? Кој е планот Б на државниот завод за статистика, особено зошто времето е многу кратко и речиси невозможно за да се распише уште еден конкурс без да се одложи пописот. Алфа го побара директорот на статистика да објасни, но тој не одговори на нашите повици.

Реклама

Уште нема ни конкретен одговор што ќе се случува со имунизацијата на попишувачите, доколку се пријават доволно. Особено оти на конкурост што е распишан, вакцинацијата не е задолжителна за тие кои ќе сакаат да бидат попишувачи. Од државниот завод за статистика се правдаат тие не можеле никого на сила да натераат да се вакцинира, но попишувачите кои ќе сакаат да се вакцинираат, ќе им бидат овозможени вакцини. Но и за нив времето е кратко оти треба да се примат две дози на вакцини, а обуките на попишувачите почнуваат по 5 август.

А токму имунизацијата беше една од точките на лидерската средба кога се одложи пописот, за кои зборуваа Мицкоски и Заев. ВМРО-ДПМНЕ тогаш бараше одложување на пописот со цел да се остави доволно време до есен да се имунизираат сите попишувачи за процесот на пребројување на населението да биде побезбеден.