Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Науката едногласно против плаот на власта да го минимизирање на историјата

Концептот со кој се укинува предметот историја како самостоен, не е фински…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Концептот со кој се укинува предметот историја како самостоен, не е фински модел, туку само под превезот на промени во образованието, власта се обидува да им удоволи на соседите, сметаат дел од професорите и историчарите. Министерството за образование демантира, предметот не се укинува туку се интегрира, а министерката не кажа кои делови од предметот историја ќе бидат исфрлени, затоа што спојувањето на три предмети во еден, неминовно ќе донесеи и скратување на наставната содржина..

Од МОН велат ова било фински модел, но во Финска предмет историја постои. На официјалната веб страна на финската образовна програма во основно образование , „историјата“ стои како засебен предмет. А во нејзиниот опис се вели дека „со знаењето за минатото, учениците се учат да разберат што се случило порано, што довело до сегашните состојби во Финска.

Дел од наставниците реагираат новиот концепт е неприфатлив, прашуваат што стои зад оваа концепција.

Реклама

Низ на историчари веќе го кренаа својот глас, историја како посебен предмет мора да постои особено кај нас, и особено сега кога сме мета на крадење и распродажба на македонската историја.

Реагираа и од СОНК, претседателот на Синдикатот, Неделковски порача да не се избрзува со планот за спојување на предметот Историја со Географија и граѓанско образование. Сугерираат претходно да се направи пробен проект, па од неговите резултатите да зависи имплементирањето на концептот на МОН во основното образование.Со реакција се јавија и политичките партии. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа вакви коренити образовни реформи, со кои се не се знае – што ќе биде избришано од македонската историја, се недозволиви. Од Левица на министерката Царовска и порачаа наместо да укине предмет историја, да ја укине партиципацијата за студентите. Од СДСМ пак велат дека оваа концепција била со цел поквалитетно образование.

Мери Ѓорѓиевска