Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Врие во детската болница Козле – педијатрите бараат итно резрешување на директорот Андоновски

Заразени и здрави деца во иста амбуланта. Мобинг врз вработените. Врие во…

Сподели:

Заразени и здрави деца во иста амбуланта. Мобинг врз вработените. Врие во детската болница Козле. Триесетина педијатри се дигнаа на нозе – против директорот на болницата д-р Ангелчо Андоновски. Тврдат дека освен што се жртви на мобинг, директорот создава  раздор меѓу вработените. Велат, оставени сме сами на себе, немаме основни услови за работа,а најдраматично е што сме принудени да ги прегледуваме децата во црвената зона која е исклучиво наменета за пациенти позитивни на Ковид19,  значи, во истата амбуланта прегледуваме и деца кои не мора да значи дека имаат Ковид.

На сето тоа, униформите за работа многупати ги облекуваме и соблекуваме во сопствените автомобили, бидејќи наидувавме на заклучени ормани. Се соочуваме со промени без никакви најави, камери не снимаат 24/7- во вакви услови не можеме да работиме и многу од нас лекарите и медицинските сестри размислуваме за откази – доколку итно не се разреши директорот Андоновски, вака сведочи за Алфа еден од педијатрите за лошата ситуација во болницата.

Реклама

Првиот човек на Козле, Андоновски не сака да коментира за обвинувањата на педијатрите. Одговорот ни посочи да го бараме од министерот за здравство.

За Филипче ситуацијата е позната, тој имал средба и со педијатрите и со директорот но веќе неколку месеци проблемот не е решен. Од МЗ за Алфа велат, дека работат на изнаоѓање на најдоброто решение.

“Токму поради фактот дека се наоѓаме во ек на пандемија а Детската болница Козле е еден од центрите за лекување на ковид пациентите, потребно е да се сослушаат сите страни и да се изнајде најдоброто решение  за функционирање на болниницата, пред се заради пациентиете кои се таму хоспитализирани, а  потоа и за целиот медицински персонал кој таму работи. И тоа е она што го правиме.” – велат од МЗ.

Лекарскиот колегиум при Институт за белодробни заболувања меѓудругото се пожали на слабата организација со Ковид состојбата во болницата обвинуваат дека Андоновски никогаш не воспоставил соодветна комуникација со медицинскиот персонал,не присуствувал на нивните стручни состаноци, и немал никаков увид во работењето.Од друга страна, педијатрите уверуваат дека Ковид воопшто не ги плаши – предупредуваат дека единствениот проблем со кој се соочуваат во болницата е само директорот Ангелчо Андоновски.

Ања Василева