Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за физичко пребројување на гласовите од сите 3480 избирачки места, ќе поднесе тужби до Управниот суд

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлуката на ДИК да ги одбие поднесените приговорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлуката на ДИК да ги одбие поднесените приговорите и да издаде Решение, со таква одлука го наштети изборниот резултат постигнат на предвремените парламентарни избори и со тоа нанесе штета на севкупниот изборен процес, но и врз угледот на Република Македонија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Тужби до Управниот суд по Решенијата од ДИК, информираат од партијата.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение: 

ВМРО-ДПМНЕ поднесе два суштински приговори до ДИК во однос на барање на физичко пребројување на гласачките ливчиња од сите 3480 избирачки места во државата, заради утврдување на точен и конечен резултат од предвремените парламентарни избори од 13, 14 и 15 јули, како и во делот на свесната кампања со наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче.

Реклама

Сметаме дека се прекршени, односно не се испочитувани ставовите од членот 135 од Изборниот законик, кои што се однесуваат на објавувањето на резултатите.

Резултатите објавени по електронски пат не се совпаѓаат со реалните резултати од записниците број 16, а од страна на ДИК беа објавени по законскиот рок од 12 часа за објавување на првичните резултати. Притоа, резултатите објавени на електронската апликација на ДИК не се во согласност со резултатите во записниците број 16, односно со оглед дека поголем дел од резултатите внесени на апликацијата на ДИК не се совпаѓаат со резултатите од записниците број 16, се отвора сомнеж за легитимноста на севкупниот изборен процес.

Понатаму, бројките објавени од страна на ДИК во Заклучокот за објавување на резултатите, односно вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња заедно со број на употребени важечки и неважечки гласачки ливчиња кои што се објавени во Заклучокот, е помал од бројот на избирачи запишани во Избирачкиот список. Тоа остава сомнеж за тоа каде се останатите гласачки ливчиња кои што недостасуваат согласно објавениот Заклучок на ДИК.

Заради двете причини наведени во првиот од двата приговори баравме и остануваме на барањето за физичко пребројување на сите употребени ливчиња во гласачките кутии во сите 3480 Избирачки места.

Вториот приговор кој што ДИК го одби се однесува на неважечките ливчиња, односно за постапката за сумирање и утврдување на резултатите во делот на неправилна примена на член 115 од Изборниот законик, односно за утврдување на едно гласачко ливче за важечко. Ова е производ првенствено на несоодветниот изглед на гласачкото ливче со кое што се спроведоа предвремените парламентарни избори, односно со изглед спротивен на пропишаната законска норма од член 96 од Изборниот законик. Оваа неправилност доведе до можност за манипулација со гласачите, што беше искористена со свесната кампања водена од политичка опција за наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче и тоа да биде прогласено за неважечко.

Оттука, ВМРО-ДПМНЕ по решението на ДИК за одбивање на двата приговори ќе поднесе Тужба до Управниот суд. Сметаме дека во едни вакви услови Управниот суд ќе донесе правилна одлука со прифаќање на Тужбите од ВМРО-ДПМНЕ и со тоа ќе допринесе за враќање на вербата на севкупната јавност во изборниот процес за предвремените парламентарни избори 2020 кои што се одржаа на 13,14 и 15 јули.