Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Само една година откако Заев ги „благослови“ 4-те нови еко-автобуси во Прилеп , тие се во дефект и вон употреба

Вака, лани во август, Зоран Заев, го благослови ставањето во употреба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вака, лани во август, Зоран Заев, го благослови ставањето во употреба на првите четири еко-автобуси на метан во земјава, наменети за јавниот градски превоз во Прилеп, кои чинат импозантни еден милион евра.

Но, денес, само 11 месеци подоцна, прилепчани, со право си го поставуваат прашањето – дали во градот има или пак нема Градски сообраќај, бидејќи според информациите до кои дојде Алфа, дури три од 4-те нови автобуси – болиди, не се во функција?! Едниот, по неколкумесечното сервисирање во Скопје, завчера бил вратен во Прилеп, но повторно не бил во возна состојба, а додека другите два пак, поради други помали дефекти подолго време стојат гаражирани во прилепскиот „Терминал“. Како потврда на ова е и фактот што во последниве безмалку два месеца, делумно условено и од Коронакризата, низ Прилеп сообраќаат само два автобуси, еден стар и крајно небезбеден и еден од новите. Возниот ред им е само по четири часа претпладне и исто толку попладне, што секако е далеку од потребите на прилепчани.

Со цел да дознаеме што навистина се случува со автобусите, секој вреден по четврт милион евра, телефонски го побаравме директорт на ЈП за ПУП, Илија Иваноски, кој кога слушна за што го бараме, пред да ни ја спушти слушалката, кратко ни одговори дека бил на состанок во Скопје и дека штом ќе заврши, тој ќе не’ побарал, што до овие вести не се случи.

Реклама

Инаку, и самата набавка на овие автобуси, минатата година беше проследена со низа контроверзи, на што и локалните опозиционери постојано укажуваа. Тие се сомневаа за наместен тендер со единствениот понудувач – фирмата „Автокоманда“, како и за енормно високата цена од 250.000 евра по автобус. Исто така, проблем беше, а и остана, тоа што во Прилеп нема ни пумпна станица за метан, па автобусите се уште гориво танкираат во Битола.

Од друга страна, сомнежите за оваа баснословна зделка, која беше предизборно ветување на актуелната локална власт, периодов дополнително се зголемуваат и со постојаното расипување на автобусите, иако градоначалникот Илија Јованоски, тврдеше дека станувало збор за нови, а не за репарирани автобуси од јапонската марка „Исузу“ и дека цената и условите под кои се купени, биле одлични.

Прилеп, за прв пат Градски сообраќај доби во 2014-та година, кога беа набавени шест автобуси и сообраќаа на три линии.

Каролина Дурло