Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Спасовски како технички премиер ветува канализација во Арачиново

“Секоја злоупотреба на државен ресурс за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана”,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Секоја злоупотреба на државен ресурс за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана”, рече вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски кој денеска отиде во Арачиново да ветува канализација.

Спасовски е носител во втората изборна единица, а токму Арачиново е дел од истата каде тој отиде да види до каде е реализирано тоа што пред три години го ветиле како партија.

Мејлот кој пристигна до медиумите дека Спасовски ќе оди во Арачиново беше испратен од Владата, а не од СДСМ.

Реклама

Техничкиот премиер се правда дека таму бил во улога на претседател на влада, а не како носител.

“Ова е владина активност за увид во проектите кои што ги финансира Владата, не е кампања, кампањите ги водиме после работното време” – вели Спасовски.

Додека Спасовски вршеше увид, дел од медиумите забележале делење на пропагандни материјали со логото на коалицијата  “Можеме” во околината, Спасовски вели тоа немало врска со него, кампањата е почната и флаери можеле да се делат насекаде.

“Никој апсолутно од нас не дели такви флаери, а инаку на друго место ако се делат нека се делат, кампањата е започната” – додава техничкиот премиер.

Вчера исто така од мејлот на Владата беше испратена информација дека Шеkеринска била во посета на Битола и остварила средба со градоначалничката на општината.

Во изјавата пред медиумите Шекеринска се фалеше што направиле, но не заборава да критикува што наследиле од претходната власт.

Владините функционери токму во изборната кампања се растрчаа да видат до каде им се проектите кои ги ветиле, иако досега не бевме во можност често да гледавме високи владини претставници како одат на теран да проверуваат канализации, официрски домови,  улици..

Иако велат дека се во својство на претставници на влада, јавноста коментира дека е тенка линијата меѓу проверка и промоција на проекти за иден мандат.

Адријана Алексиеска