Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

МО: Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво

Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже, Министерството ќе има нулта толеранција, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана во врска со наводите за сексуално вознемирување на припадничка на Армијата во касарната во Куманово.

– Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже Министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, се вели во реакцијата од Министерството.

Претходно од МВР информираа дека вработена во Армијата во СВР Куманово пријавила дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“.

Реклама

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ, која изјавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа.

Од полицијата информираат дека за ова е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.