Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Иран негира вмешаност во планираниот терористички напад во Грција

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми, кои припишуваат наводен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми, кои припишуваат наводен терористички план на фактори што се поврзуваат со Иран, соопштија преку „Икс“ од прес-канцеларијата на Амбасадата на Исламската Република Иран во Атина.

Додадоа дека „овие неподдржани обвинувања се дел од клише кампањата на израелскиот режим и неговите механизми на пропаганда и психолошка војна за дискредитација на Иран“ и немаат никаква „вредност или кредибилитет“. 

Целиот случај со разоткриената иранска мрежа што подготвувала терористички напад или атентат во Грција и понатаму е меѓу главните теми во медиумите во Грција, кои пренесуваат информации повикувајќи се на свои извори или на други домашни и светски медиуми.

Реклама

За лицето што било цел на напад/атентат во Грција, преовладуваат неколку сценарија, едното дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, друго дека станува збор за Израелец од голема компанија во Грција, според трето, пак, дека станува збор за лице поврзано со израелски интереси.

Сепак, за ниедно од овие сценарија не постои официјална потврда.

Израелски информативен портал Ynet, повикувајќи се на свои извори, објави дека за разоткривање на иранскиот план помогнала израелската разузнавачка служба и „Мосад им доставил разузнавачки информации на властите во Грција и Северна Македонија, со што помогнал да се спречи ирански заговор за атентат врз израелски државјанин во Грција“.