Напредува изградбата на новиот мост во кавадаречкото село Марена. Градежните активности на мостот преку реката Луда Мара се одвиваат со засилено темпо, а проектот постепено ја добива својата финална форма, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Од кабинетот на Јанчев соопштија дека со инвестиција од 12 милиони денари, обезбедени преку поддршка од Министерството за транспорт, се гради современ мост со две коловозни ленти и тротоари од двете страни, со вкупна ширина од 8,5 метри.
– Овој инфраструктурен проект ќе донесе поголема безбедност во сообраќајот, подобра поврзаност и поквалитетни услови за жителите на Марена. Инвестираме во инфраструктура што значи побезбедно и подобро секојдневие за граѓаните – додадоа од кабинетот на Јанчев.

