Реклама

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

Се размислува за воведување електронска наплата на патарините на автопатите, со што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се размислува за воведување електронска наплата на патарините на автопатите, со што нема повеќе да има физичко застапување со возилата на патарини. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека ќе се побара и експертска помош при изработка на законот и дека се размислува да се наплаќа од километар. 

Ваквиот начин на наплата, според министерот за транспорт, ќе овозможи побрз проток на возилата, поевтина наплата за оние што ги користат автопатите и поголема сигурност и спречување сообраќајни незгоди.

– Во текот на вчерашниот ден, по враќањето од Виенскиот економски форум, имав средба со новиот претседател на Европската транспортна заедница, кој дојде во Скопје. Ова беше една од главните теми. Ќе вклучиме нивна експертиза и на тој начин би сакале да го изработиме законот имајќи предвид дека Хрватска во регионот се обидува да го примени овој систем, но сè уште го нема почнато. Во моментот почнува примената на обиколницата на Белград и тоа е горе-долу сè што можеме да видиме во регионот. Затоа ни е потребно искуство од понапредни европски држави и затоа сметав дека е корисно да го поканам, да ја презентираме нашата идеја и да вклучиме експерти од Европската транспортна заедница, кои заедно со нашите експерти ќе работат на овој закон – изјави денеска Николоски пред 21. конференција на МАСИТ посветена на вештачката интелигенција.

Реклама
Po shqyrtohet vendosja e pagesës elektronike në autostrada, e cila do të eliminojë nevojën që automjetet të qëndrojnë fizikisht në pikat e pagesës. Zëvendëskryeministri dhe ministër i Transpo

Николоски се надева дека во текот на декември веќе ќе може да го презентираат законот.

Наплатата, како што посочи, би била од поминат километар, со што ќе се избегне сегашната пракса иста сума да плаќаат и оние што, на пример, одат од Скопје и оние што одат од Богданци или Гевгелија. 

– Нашата идеја е да се наплаќа од километар, што ќе биде многу поправедно од ова сега затоа што сега теоретски, ако тргнете од Демир Капија и одите во Гевгелија, плаќате 100 денари на наплатната кај Смоквица и ако тргнете од Скопје кон Гевгелија, на истата наплатна повторно плаќате 100 денари, што за жителите од Демир Капија е нечесно и неправедно. И затоа сметаме дека треба да се наплаќа од поминат километар, што сериозно ќе ја намали цената – рече Николоски.

Ваквата наплата првично би се применила на новиот автопат Кичево – Охрид, кој вицепремиерот Николоски очекува целосно да биде пуштен во мај. Во следните неколку недели, како што посочи Николоски, треба да биде пуштен најтешкиот дел од автопатот со четири галерии, неколку мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

Понатаму, ваквата наплата би се применила и на другите автопати што се градат, како што се Прилеп – Битола, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и Кичево – Букојчани.