Шест акции против терористички ќелии и радикални мрежи во последните две години, вклучително и последната во која беше откриена терористичка ќелија која се подготовувала за атентат на грчка територија. Македонските служби ги пресретнуваат и елиминираат потенцијалните закани за безбедноста во државата но и во соседството. Грчката полиција официјално им оддаде признание дека токму тие го понеле главниот товар за спречување на нападот во Грција со акцијата во која паднаа пет луѓе од Скопје и Куманово а еден е се уште во бегство.
Ваквиот развој според упатемните покажуваат дека служните кај нас не само што тесно соработуваат со партнерите, туку и будно и ревносно ја следат состојбата дома. Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, вели дека ова е многу важно бидејќи Балканот е простор на кој дејствуваат различни странски разузнавачки структури, кои преку организираниот криминал можат да планираат и најтешки форми на насилство – од атентати до политички ликвидации.
- „Службите ревносно си ги извршуваат своите работни задачи и имаат висок степен на соработка.. Факт е дека овие резултати треба да нè охрабрат и како граѓани и да ни посочат дека навистина безбедносните служби ревносно работат, но тука се поставува едно друго прашање, дека на Балканот, не само во Македонија, зборувам за целокупниот Балкан, вклучително тука ги вклучувам и Романија и Бугарија и Грција и Албанија и сите бивши југословенски држави, дека има инсталации вакви терористички келии на разно-разни разузнавачки служби, каде што постојано се поставуваат прашањето кој ги создаваат, кој ги обучуваат, кој ги финансираат и кои им издаваат наредби каде и како да преземат одредени дејствија, затоа што сите тие терористички групации се дел од светските организирани криминални групи, од оние од највисокиот ред, мафијата, која што нив ги користи за сторување на одредени највисоки форми на политички ликвидации, било да се тоа атентати, било да се тоа терористички активности, односно платени убиства,“ оценува Ѓурчески..
Нути грчките власти не открија детали за идентитетот на лицето за кое се спремал атентатот. Но за бил планиран атентатот знаела разузнавачката служба, која и преземала одредени мерки. Дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, објавија грчките медиуми. Втората варијанта која се споменува новинарските текстови, е дека мета бил израелски државјанин поврзан со голема компанија во Грција. Наводно нападот требало да биде изведен така што ќе изгледа како пресметка, односно убиство мотивирано од криминални причини, со цел да се прикрие евентуалната поврзаност со ирански структури.
На македонска територија, беа уапсени четворица, од Скопје и Куманово, додека еден бил фатен како преминува на граничниот премин од Грција кон Турција. За него било утврдено дека за него постоела мерка за забрана за престој во Грција и во други држави. Почетокот на ноевмри бил испорачан во Македонија. Шестиот од мрежата се уште не е пронајден.
Израелските медиуми, пак, објавија дека нивните разузнавачки служби ги алармирале македонските и грчките партнери за навремено спречување на нападот. Проценките на македонските безбедносни служби, покажале дека случајот не е изолиран инцидент, туку се вклопува во поширок модел на дејствување на иранските разузнавачки структури, кои, според нивните сознанија, користат криминални мрежи во други држави како посредници за организирање напади и прикривање на директната вмешаност на Техеран.

