Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е амандманска расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во второ читање. За предлог-законот поднесени се 14 амандмани од овластени предлагачи.
Комисијата за земјоделство ќе одржи и втра седница на чиј дневен ред се измените на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка.
На Комисијата за финансирање и буџет ќе се одржи амандманска расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити – во второ читање. За предлог-законот поднесени се 18 амандмани.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија е Предлог на законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка.

