Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Прилози

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Жестока конкуренција за Алта банка Битола. Откако почнаа состаноците на гувернерот Славески…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жестока конкуренција за Алта банка Битола. Откако почнаа состаноците на гувернерот Славески со заинтересираните банки, се поизвесно е дека ќе има сериозна битка за банката која од она што досега се знае очигледно дека е во солидна кондиција. Фактот дека во игра се шест заинтересирани банки и финансиски друштва само потврдува дека приказната во Србуија нема каква било поврзаност со Македонија.  Со дел од заинтерсираните, Народната банка веќе ги завршила разговорите. Во јавноста како најсериозни кружат имињата на една австриска и една словенечка банка. Барем една од нив е во Топ 3 најголеми банки во земјава. Меѓу заинтересираните има и финансиски друштва кои сакаат да ја прошират дејноста. Гувернерот Славески не посочи дали сите овие 6 банки се веќе присутни на пазарот во Македонија или пак има нови кои за првпат би почнале да работат во државава. Нема ниту информација дали е поднесена формална понуда.

Планот е битолската Алта банка да се продава на берза кон крајот на месецов или почетокот на декември. Народната банка на стартот на минатата недела побара од српската Агенција за осигурување на депозити да одговори дали ќе ги отуѓи акциите на Алта банка Белград во Алта банка Битола. Оваа недела истекуваат 10-те дена во кој тамошната Агенција треба да се изјасни. Оттаму засега нема потврден одговор. Ако ова не се промени, Гувернерот во рок од 8 дена донесува решение за спроведување на продажба на акциите во име на акционерот. Следат неколку дена за лиценцирање на учесниците на аукцијата, по што ќе има и јавно наддавање.

Засега не се знае по која цена ќе бидат понудени акциите. Последен пат на Македонската берза се тргувало со акциите на Алта банка Битола на 19-ти октомври по цена од 3.777 денари за акција. Кога пред една година Алта банка Белград купи 88% од акциите на тогашната Стопанска банка Битола, за тоа искешира 22,8 милиони евра.