Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Економија

Разгледани две варијанти за трасата на експресниот пат Кочани – Виница – Делчево

Во Општина Делчево се одржа работна средба со претставници на Јавното претпријатие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Делчево се одржа работна средба со претставници на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и проектантската куќа, во рамки на активностите за изработка на проектната документација на ниво на идеен проект со физибилити студија за изградба на експресниот пат А3, на делницата Кочани – Виница – Делчево.

На средбата како што информираат од Општината биле разменети информации и податоци, а биле презентирани и предложените варијантни решенија за трасата на идниот експресен пат, кој треба да обезбеди побрза и побезбедна патна поврзаност на Делчево со Кочани и останатите делови од државата.

-Според презентираните решенија, трасата започнува пред Кочани, каде што ќе се поврзува со постојниот експресен пат, а кон Делчево се разгледуваат две варијанти. Првата предвидува траса преку Драгобраште и Бигла, во должина од околу 39 километри, додека втората е преку Калиманско Поле и Илиово, во должина од околу 40 километри, следејќи го правецот на стариот пат М-27 кон Делчево, информираа од Општината.

Реклама

Идејниот проект и физибилити студијата како што додаваат треба да бидат завршени на почетокот на 2027 година. По нивното финализирање ќе следува фаза на буџетирање и избор на изведувач за реализација на проектот и изградбата на патот.

Со изградбата на новата патна врска се очекува значително да се намали времето на патување меѓу Делчево и Кочани. Според презентираните процени, патувањето кое сега трае околу 50 минути би се скратило приближно за половина.

За Делчево, како општина во најисточниот дел на државата, проектот има особено значење од аспект на сообраќајната поврзаност и безбедноста. Постојниот магистрален пат А3 се соочува со проблеми поврзани со одрони, ограничувања на брзината и поминување низ населени места, што ја нагласува потребата од посовремено и побезбедно сообраќајно решение.

Подобрата патна поврзаност е значајна и за навремениот пристап до здравствените услуги, особено поради потребата од транспорт на пациенти до Клиничката болница во Штип и здравствените установи во Скопје. Воедно, побезбедната и побрза комуникација е важна и при сообраќајни незгоди, кога навременото пристигнување на медицинските екипи и транспортот на повредените може да имаат пресудно значење.

Според податоците прибрани во соработка со ОВР Делчево и Полициската станица од општа надлежност Делчево, во изминатите 12 години на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на општината биле евидентирани над 200 сообраќајни незгоди со вкупно 11 смртни последици.

Покрај зголемувањето на безбедноста, новиот експресен пат се очекува да придонесе за економскиот и регионалниот развој, полесен транспорт на стоки и услуги и подобра поврзаност на населените места со економските, образовните и здравствените центри.

Завршувањето на идејниот проект и физибилити студијата според општинските власти ќе овозможи утврдување на понатамошните чекори за реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за Делчево и поширокиот источен регион.