Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Општина Карпош доделува еднократна парична помош за лица со попреченост

Општина Карпош објави повик за доделување еднократна парична помош од 5.000 денари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош објави повик за доделување еднократна парична помош од 5.000 денари, по повод 3 Декември – Денот на лицата со попреченост.  Соопшти дека иницијативата е во рамки на  нејзините програмски активности од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година.

-Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, 9 ноември, до 20 ноември 2026. Право на еднократната парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош); трансакциска сметка на име на подносителот на барањето и наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост, информира Општина Карпош. 

Комплетната документација треба да се поднесе во архивата на Општина Карпош, која во соопштението посочува и дека остварувањето на правото на паричен надомест ќе биде според редоследот на поднесување на барањата, односно до исцрпување на  предвидените средства.

Реклама