Пред да го изврши масакрот во Краков, 24-годишниот Полјак, кого медиумите го идентификуваа како Михал, ги убил своите родители и сестра. Трите тела се пронајдени во домот на напаѓачот, кој вчера уби шест луѓе на централниот плоштад во Краков. Мотивот за нападот засега не е познат, но властите веруваат дека тој бил инспириран од крајнодесничарски идеологии. Меѓу убиените се тројца полски државјани и еден Британец, а уште две жртви не се идентификувани. Ранети се 16 луѓе, меѓу кои има државјани на Австрија, Германија, Португалија, Русија и Велика Британија, вклучувајќи и двајца полицајци.