Марш против фемицидот и насилството врз жените се одржа во Скопје. Под мотото „Сите за една, една за сите“, протестниот марш започна пред Собранието, продолжи кон Министерството за правда, а заврши пред Министерството за образование. Маршот беше организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, која бара одговорност и санкции за случаите на насилство врз жените во изминатиот период. Учесниците бараат поднесување и усвојување на законските измени за заштита од насилство, како и враќање на родот и родовата еднаквост во законите и образованието.