Реклама

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Македонија

Петрушевски: Филипче и СДСM не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДСM вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСM вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека денес не избираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче, од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви.

Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев и Филипче не беше важно.

Реклама

Истражувачки новинари тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планираните дури милијарда и 600 милиони евра.

Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, чии вистински сопственици биле латиноамерикански државјани, а дел од парите оделе и преку руски банки.

Каде има криминал, корупција и уништување, таму се Филипче и Заев.

Затоа денес се гласни, затоа што имаат цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката. Тие гледаат само корист.

Додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени.