Реклама

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Прилози

Страв од морбили по новите случаи, зголемен одзив на вакциналните пунктови

Стравот од ширење на морбилите по петте пријавени случаи ги мобилизира родителите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стравот од ширење на морбилите по петте пријавени случаи ги мобилизира родителите. Вакциналните пунктови имаа полни раце работа во изминатата недела.  Само во пунктот во Ѓорче се вакцинирани 55 а во Букурешт 50 дечиња. Лекарите велат дека некои доаѓаат за прва доза, некои за втора а некои само да си ги проверат вакциналните картони. Додаваат дека радува фактот што сепак апелот на здравствените власти вродува со плод.

-Повикувањето на родителите оди со   последната дадена вакцина во претшколските диспанзери кога ќе ја добијат последната доза на вакцина. Кажано точно имаат дата кога да дојдат. Тоа е начинот на кој што се одвива повикувањето. Во школските диспанзери ситуацијата е поинаква доаѓаат групно преку училиштата. Меѓутоа во поголем процент втората доза има подобра опфатност во однос на првата–вели др. Соња Ралева од ЈЗУ Бит Пазар

Најслаб одзив додаваат  има во Центар, Карпош, Кисела  Вода и Аеродром. Лекарите предупредуваат дека се уште постои опасност од појава на нови случаи и прогласување на епидемија, бидејќи морбилите се многу заразно вирусно заболување а опфатот на вакцинација кај нас е сеуште 62 проценти. За да се стекне колективен имунитет потребни се високи 95 отсто

Реклама

-Бидејќи знамеме колку е заболувањето на морбили заразно, едно од најзаразните заболувања кое што се шири со голема брзина и геометриска прогресија значи многу брзо. Еден заболен може да зарази значи да инфицира 18 до 20 луѓе или деца меѓутоа невакцинирана популација. Тоа значи доколку вирусот се најде во состојба или во подрачје каде што имаме терен кој што нема превенција немаме претходно заштита многу лесно и брзо се шири–вели др. Соња Ралева од ЈЗУ Бит Пазар

Апелот до родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца, е  да не  стравуваат за квалитетот на вакцините. Имунизацијата со МРП е безбедна и се користи веќе 50 години. Дава повисок имунитет отколку прележана болест.  Под најголем ризик се децата помали од 5 години, трудниците и невакцинираните.  Болеста започнува со појава на висока температура над 40 степени, главоболка, треска, секрет од нос, и црвенило во очи. Последната епидемија на морбили во Македонија беше во 2019 година со вкупно 2177 случаи на заболени од кои 4 завршија со смртен исход.