Реклама

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Прилози

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Наместо масовен синдикален бунт, протест со едвај триесетина учесници. Независниот синдикат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо масовен синдикален бунт, протест со едвај триесетина учесници. Независниот синдикат на професионалните војници излезе на улица барајќи повисоки плати и решавање на долгогодишните проблеми со статусот на војниците. Но, поддршка од професионалните војници и припадниците на Армијата речиси и немаше.

„Главен децениски проблем со кој се соочуваат професионалните војници се договорите на определено време кои траат цели 25 години и на 45тата година војниците се приморани да ја напуштат армијата и да бидат невработени лица. Малите плати и незголемувањето на платите на припадниците на Армијата е дополнителна причина за големото незадоволство.“ – вели претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски.

Освен слабиот одзив, протестот не доби поддршка ниту од големите синдикати на армијата. Синдикат на вработените во одбраната и Армијата заедно со најголемиот и репрезентативен синдикат на вработените во армијата – Независниот синдикат на одбраната се оградија велејќи дека зад иницијативата на предводникот Александар Насковски стојат лични интереси. Од таму пренцираат дека според нив бунтот е неоправдан бидејќи нивните барања веќе имаат соодветно решение.

Реклама

„Денешниот протест на маргинали зиран синдикат со околу 70 членови не носи ништо добро на дијалогот што го имаме со министерот и сметаме дека тие барања што се истакнати веќе се решени. Отпочна процес на решавање на статусот на професионалните војници со над 45 години – историска реформа што ќе се спроведе со армијата. И министерот Владо Мисајловски што го најави зголемувањето на платите од 10 проценти. “ – вели претседателот на СВОА, Милан Андоновски.

Владата веќе преку дијалог со засегнатите најде решение на бараањата на вработените. Од први јануари идната година министерот за одбрана најави зголемување на основната плата на кадарот во одбраната за 10 проценти. Се работи и на промени на законот за служба со кој професионалните војници имаат загарантирано право на избор после 45тата година. Со новите промени тие можат да изберат дали ќе останат во Армијата но како цивилни лица до нивното пензионирање и ќе ги задржат сите бенефиции како и останатите вработени во Министерството за одбрана.  Другата опција е да заминат со голема финансиска сума на име одпремнина и да преминат на работна позиција во друга институција.