Реклама

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Економија

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери

– На 556 пензионери, кои имаат платежни сметки во банката, а не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На 556 пензионери, кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати.   

Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Истовремено, на сметките на „АЛТА банка“ АД Битола денеска се уплатени и средствата наменети за исплата на социјалната помош од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со тоа се создадени услови исплатата на средствата за корисниците на социјална помош да започне од утре, 6 ноември.

Реклама

Потсетуваме дека филијалата на „АЛТА банка“ во Битола утре (6.11) ќе работи во две смени, а ќе работи и во сабота. Очекуваме по извршените подготовки, следната недела да се отворат шалтери и во другите градови.  

Народната банка продолжува со преземање активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија за постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите.