Реклама

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Економија

МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството

Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата како конкретни чекори што придонесуваат кон напредокот во соодветните области, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Во делот за земјоделство и рурален развој, ЕК го нотира продолжувањето на усогласувањето на земјоделската политика со законодавството на Европската Унија и ажурирањето на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 во февруари годинава. Новиот Закон за органско производство, кој стапи во сила во март 2026 година, е посебно издвоен како придонес кон напредокот во ова поглавје.

– Македонија има добро ниво на подготвеност во областите на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, оценува ЕК. Комисијата се осврнува и на започнатите активности за интегрирана заштита од штетници во два пилот-региона, натамошниот развој на фитосанитарниот информациски систем и редовното ажурирање на листата на штетни организми согласно правилата на ЕУ и состојбата во земјата. ЕК наведува и дека Агенцијата за храна и ветеринарство спроведувала редовни ревизии на лабораториите во ветеринарството и безбедноста на храната, а во повеќето области работела согласно стандардите за управување со квалитет. Комисијата ја одобри националната програма за мониторинг за 2026 година на остатоци од ветеринарни лекови и контаминанти, која опфаќа повеќе категории производи, меѓу кои месо, млеко, јајца и мед. Воедно, во извештајот е констатирана напредна усогласеност на националното законодавство со правилата на ЕУ во областа на благосостојбата на животните, информира МЗШВ.

Реклама

Во рибарството и аквакултурата, ЕК бележи напредок, посебно преку усвоениот Национален план за управување со јагулата, кој утврдува мерки за нејзино зачувување и намалување на смртноста предизвикана од човечките активности. Нотирани се и продолжувањето на мерките за заштита на чувствителните видови риби, активностите за порибување со охридска пастрмка и зголемените активности за спроведување на прописите во областа на инспекцискиот надзор и контролата.

Во однос на руралниот развој, извештајот посочува на продолжувањето на спроведувањето на ИПАРД III, како и мерките преземени од националните институции, вклучително спроведувањето акциски план за подобрување на реализацијата на програмата.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се фокусира на исполнување на преземените обврски и спроведување на потребните реформи, преку конкретни активности за реализација на препораките од Извештајот и редовно следење на постигнатиот напредок, се нагласува во соопштението од МЗШВ.