Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Економија

Народна банка: Не е забележан трансфер на поголеми средства во и кон Србија и Русија преку Алта банка Битола

Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции  во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани, информира Народната банка во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во незначителни износи, особено имајќи го предвид обемот на платниот промет и редовното работење на „Алта банка“ АД Битола. Во 2025 година и заклучно со октомври 2026 година, приливите од Србија изнесуваат 2,2 милиона евра и 6,2 милиона евра, соодветно, додека одливите изнесуваат 5,3 милиони евра и 7,2 милиона евра. Овие трансакции се поврзани со редовното работење на клиентите на банката.

Во истиот период, приливите од и одливите кон Русија не се евидентирани во платниот промет и билансот на Банката.