Врз основа на член 17 став 1, член 18 став 1 алинеја 2 и алинеја 9 од Статутот на Здружение на приватни гинеколози и акушери на Македонија, Управниот одбор на седница одржана на ден 04.11.2026 година, го усвои следното:
СООПШТЕНИЕ
Од страна на Лекарската Комора на РСМ, до Здружение на приватни гинеколози и акушери на Р.Северна Македонија на ден 04.11.2026 година беше доставена драфт верзија на Договор за обезбедување и плаќање на здравствени услуги во примарна здравствена заштита дејност гинекологија, подготвен од страна на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
На ден 05.11.2026 година е закажан состанок во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, на кој меѓудругите поканети сме и ние приватните матични гинеколози.
Со оглед дека во изминатиот период на Здружението на приватни матични гинеколози не му беше овозоможена координација со Фондот во врска со Договорот, а од страна на Здружението беше доставен предлог за измени и дополнувања на Договорот. Констатираме дека ФЗО на РСМ не прифатил ништо од предложеното и ниту една забелешка не е инкорпорирана во доставената драфт верзија на Договорот од 04.11.2026 година. Ваквата драфт верзија и одредбите во истата на ниеден начин не го решаават главниот проблем со кој се соочуваат матичните гинеколози во секојдневното работење и тоа:
– Видот, обемот и фрекфенцијата на прегледите во примарна здравствена заштита во гинекологија и акушерство покриени со капитација, препознаен како главен системски проблем од страна на важни општествени чинители.
Предвид горенаведеното, БАРАМЕ во Договорот кој треба да го склучат сите приватни матични гинеколози, јасно и недвосмислено да бидат наведени видот, обемот и фрекфенцијата на прегледите во примарна здравствена заштита во гинекологија и акушерство покриени со капитација, согласно медицина базирана на докази, а преточено во Национално клиничко упатство за услуги во примарна здравствена заштита во гинекологија и акушерство.

