Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство

Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, на денешниот состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, воспоставена во рамките на секторскиот пристап за програмирање и координација на претпристапната помош од ЕУ (ИПА).

– Посебен акцент ќе ставиме на консолидацијата на земјоделското земјиште, развојот на системите за наводнување, зајакнувањето на задругите и организациите на производители и подобрувањето на земјоделските вредносни синџири – нагласи министерот Серафимовски.

Тој посочи дека идните мерки ќе бидат насочени и кон развој на климатски отпорно и еколошки одржливо земјоделство, ревитализација на руралните средини и развој на дополнителни економски активности, со поддршка за младите земјоделци, жените и малите стопанства, како и со натамошно унапредување на безбедноста на храната и здравјето на животните и растенијата.

Реклама

– Нашата заложба е да продолжиме со ефикасно спроведување на ИПАРД III програмата, но и навремено да се подготвиме за новиот финансиски период 2028–2034 година. Активно работиме на идентификување на идните можности за финансирање, имаме капацитети за квалитетни инвестициски проекти за успешно користење на европските средства – истакна Серафимовски.

На состанокот, на кој учествуваа раководителот на Секторот за операции во Делегацијата на ЕУ, Евоут Сандкер, претставници на меѓународни организации и надлежни институции, беа разгледани приоритетните области за новата финансиска рамка која ќе следува по 2027 година, статусот на ИПА-проектите и придобивките од заедничкото уредување на пазарите за земјоделски производи.

Осврнувајќи се на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, министерот Серафимовски порача дека Министерството ќе се фокусира на исполнување на преземените обврски и спроведување на потребните реформи, преку конкретни активности за реализација на препораките и редовно следење на постигнатиот напредок.