Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Стипендии за 37 талентирани ученици од општинските основни училишта во Центар

Општина Центар денеска им додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар денеска им додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата.

Општината соопшти дека десет ученици добија стипендии од по 4.500 денари месечно, а 27 ученици по 4.000 денари месечно и дека финансиската поддршка годинава е зголемена, со цел младите да се поттикнат  во развивањето на нивниот талент и творештво.

-Како што ветив во предизборната програма, оваа година ги зголемивме општинските стипендии за 50 проценти. Сакам младите да знаат дека ги препознаваме нивните квалитети, го цениме нивниот труд и вложуваме во нивниот развој – изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Реклама

Стипендираните ученици имаат освоено награди и признанија на градски, државни и меѓународни натпревари.

-Тоа е потврда не само за нивниот талент туку и за  посветеноста на наставниот кадар – наведува Општина Центар во соопштението. 

Во рамки на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општината, беа доделени и награди за најдобрите ликовни и литературни творби од конкурсот „50 години Центар – срцето на градот, духот на генерациите“.

Наградени се шест ученици, по тројца во двете категории. За прво место се доделени по 5.000 денари, за второ по 3.000 денари, а за трето по 2.000 денари.

-Општина Центар продолжува да вложува во младите, да ги поддржува нивните таленти и да ги вреднува нивните достигнувања во културата, соопшти Општината.