Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Хоџа: Зајакнувањето на инспекциските капацитети е клуч за ефективна заштита на животната средина и европскиот пат на земјата

Во Скопје денеска беше означено завршувањето на значаен ЕУ Твининг проект посветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска беше означено завршувањето на значаен ЕУ Твининг проект посветен на зајакнување на административните капацитети за спроведување на европското законодавство во областа на животната средина, наведува  Министерството за животна средина и просторно планирање во соопштение.

На настанот се обрати министерот за животна средина и просторно планирање,  Муамет Хоџа, кој ги сумираше постигнатите резултати, предизвиците и идните чекори во насока на подобрување на ефикасноста и примената на еколошките прописи.

Министерот Хоџа нагласи дека заштитата на животната средина претставува директна инвестиција во здравјето на граѓаните, чистиот воздух, здравата вода, зачуваниот биодиверзитет и одржливата иднина за генерациите што доаѓаат, а не само техничка обврска или формален услов на нашиот европски пат.

Реклама

Во изминатиот период, преку интензивна соработка меѓу домашните институции и европските партнери од Шпанија и Грција, успешно се работеше на надградба на процедурите, знаењата на администрацијата и инспекторите. Како што беше истакнато, законите се добри само онолку колку што знаеме и можеме делотворно да ги примениме на терен.

На настанот беше потцртано дека завршувањето на овој проект не претставува крај на работата, туку нова почетна точка. Европските стандарди во оваа област бараат долгорочна посветеност, засилена инспекциска контрола, подобра меѓуинституционална координација и активна вклученост на целата јавност. Стекнатите искуства и изработените алатки ѝ овозможуваат на државата поодлучно да одговори на секојдневните еколошки предизвици.

Во рамките на обраќањето, беше упатена искрена благодарност до тимот европски експерти за нивната посветеност, до вработените во Државниот инспекторат за животна средина и партнерските институции за нивната активна соработка, како и до Делегацијата на Европската Унија во Скопје за континуираната финансиска и техничка поддршка.