ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“ – соопшти МВР.
-На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга, извршиле контроли на планинскиот појас над селото Подгорци при што го затекнале пријавениот, како во шумска катарстарска парцела во државна сопственост, врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво со цел бесправно да го одземе – наведуваат од МВР.
Тој бил лишен од слобода а нелегално пресечената дрвна маса е предадена на Шумската полиција.

