Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Прес-релис

Две распродадени вечери, една заедничка порака: Екотип и Дарко Рундек, „Хаустор“ и екипа за бистрите извори

Два распродадени концерта во Македонската филхармонија како симбол на заедништвото меѓу музиката,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два распродадени концерта во Македонската филхармонија како симбол на заедништвото меѓу музиката, природата и општествената одговорност

Скопје, 4 ноември 2026 година

На 5 и 6 ноември, Македонската филхармонија ќе биде домаќин на два распродадени концерта на Дарко Рундек, „Хаустор“ и Екипа. Со поддршка на ЕКОТИП како главен спонзор, овие музички вечери носат порака што го надминува концертното доживување: „За бистрите извори!“

Реклама

Партнерството претставува природна средба на уметноста и технологијата, обединети околу заеднички вредности – почит кон природата, слобода на изразувањето и свесност за влијанието што нашите постапки го имаат врз светот што го оставаме зад себе.

Дарко Рундек, еден од најавтентичните музички автори во регионот, со децении ја негува независноста на уметничкиот израз и активно се залага за заштита на животната средина. Повторното обединување со легендарниот „Хаустор“ носи посебна симболика – музиката што поврзува генерации денес добива и поширока општествена димензија, пренесувајќи порака за одржливост и зачувување на природните богатства. Неговиот ангажман за заштита на реките и природните живеалишта ја потврдува моќта на културата да ја подигнува јавната свест и да поттикнува позитивни промени.

„Повеќе од четврт век, ЕКОТИП развива и применува современи технолошки решенија за прочистување на водата и воздухот, обновлива енергија и одржливо индустриско производство. Веруваме дека вистинската вредност на технолошкиот напредок се мери не само преку конкретните решенија и нивниот придонес кон поквалитетен живот, туку и преку подигнувањето на јавната свест за зачувување на природата. Зачувувањето на реките и природните живеалишта не е само еколошко прашање, туку заедничка одговорност. Токму затоа ја препознаваме важноста на уметници како Дарко Рундек, кои преку своето творештво и јавен ангажман поттикнуваат размислување и инспирираат позитивни општествени промени. Нè поврзува уверувањето дека иднината не е нешто што само го наследуваме, туку нешто што го создаваме со изборите што ги правиме денес“, изјави Илија Андреевски, основач на ЕКОТИП.

Со поддршката на концертите, ЕКОТИП и „Чув де Чув“ го продолжуваат партнерството преку определба да придонесуваат кон општеството и надвор од деловната сфера, препознавајќи ја културата како значаен простор за дијалог, поврзување и градење свест.

Поврзаноста меѓу ЕКОТИП и Дарко Рундек не започнува со претстојните концерти. Во 2023 година, Рундек беше специјален гостин на одбележувањето на 25-годишнината на компанијата, насочено кон иновативни технологии и заштита на животната средина.

Три години подоцна, оваа соработка продолжува пред македонската публика, потврдувајќи дека долгорочните партнерства се градат врз заемна почит и споделени принципи.

„За бистрите извори!“ – порака што поврзува. Изборот на оваа порака ја нагласува суштинската врска меѓу културниот ангажман и одржливиот развој. Чистите извори се симбол на животот, природната рамнотежа и богатството што им припаѓа и на генерациите што доаѓаат.

Големиот интерес за двете распродадени вечери сведочи за трајната поврзаност на публиката со музиката на Рундек и „Хаустор“, но воедно создава можност една важна порака да допре до пошироката јавност.

За бистрите извори. За слободната мисла. За одржливата иднина што ја создаваме заедно.


За ЕКОТИП

ЕКОТИП е македонска компанија со речиси три децении искуство во инженерството и иновативните технологии за филтрација на вода, воздух, зелена енергија и индустриски инженеринг. Преку меѓународни партнерства, одржлив развој и општествена одговорност, компанијата придонесува за поквалитетен живот и поздрава животна средина. Нејзината посветеност е потврдена и со една од најголемите корпоративни донации во земјата – системи за прочистување на воздухот во вредност од еден милион евра, наменети за градинки, училишта, болници и други јавни установи.