Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе му го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата. По врачувањето на извештајт, Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата.

Во Извештајот, кој беше презентиран вчера во Брисел, се наведува дека земјава активно се вклучила во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засилила напорите за реализација на неговите четири столба: постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка. Сепак, се посочува дека е неопходно спроведување на клучните реформи поврзани со ЕУ.

Европската комисија констатира дека земјата ја задржала целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската воена агресија врз Украина, со што испратила силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување кон Унијата и се покажала како доверлив партнер.

Реклама

Во документот се наведува и дека Македонија продолжила да работи на комплетирање на документите потребни за исполнување на критериумите за отворање на кластерот 1 „Основи на процесот на пристапување“, но не постигнала напредок во усвојувањето на релевантните уставни измени, предвидени со заклучоците на Советот од 2022 година.

Комисијата нотира дека земјата продолжила со спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а Комитетот за стабилизација и асоцијација одржал состанок во април 2026 година, првпат по 2021 година. Воедно, се наведува дека Македонија одржала добри односи со другите земји од процесот на проширување и продолжила да учествува во регионалните иницијативи. Во извештајот се нагласува и потребата постојните билатерални договори со соседите да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во однос на владеењето на правото и основните права, извештајот нотира умерено ниво на подготвеност и ограничен напредок. Посебно се посочува дека земјата не постигнала напредок во превенцијата и борбата со корупцијата, која и понатаму е распространета и претставува прашање од сериозна загриженост. Се укажува и на одложувања во постапувањето по случаите на корупција на високо ниво, кои често застаруваат, што придонесува за перцепцијата на неказнивост.

Претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел, еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека Македонија ја подобрила подготвеноста за членство во ЕУ и е меѓу земјите кандидати со највисоко ниво на усогласеност со европското законодавство. Таа посочи дека земјата ги забрзала реформите во рамките на Планот за раст, но дека се очекува дополнителен напредок во борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација.

Кос нагласи дека за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер „Основи“ Македонија треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.