Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас утре во 14:00 часот ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.
По врачувањето на Извештајт Мицкоски и Рокас во 14:45 ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, официјално го примил Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година.
Во објавата на Фејсбук, Гаши оценува документот претставува објективен преглед на постигнатите резултати и предизвиците со кои се соочува државата.

