Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Бизнис

Наслов: Вулин, човекот на Вучиќ, вратен од летот за Москва – се обидел да ги избегне контролите

Политички шпекулации за бегство во Москва, авион вратен среде лет, безбедносни проверки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички шпекулации за бегство во Москва, авион вратен среде лет, безбедносни проверки и полиција на белградскиот аеродром ја одбележаа ноќта во Србија.

Во центарот на случувањата се најде поранешниот директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин.

Имено, синоќа авионот на „Ер Србија“, кој полетал од Белград кон Москва, по извесно време добил наредба веднаш да се врати. Според неофицијални информации, причина за враќањето било сомневањето дека Вулин се качил во авионот без да ја помине задолжителната безбедносна проверка.

Реклама

Беше објавено дека директорот за корпоративна безбедност на аеродромот „Никола Тесла“, Милан Куч, по прегледувањето на снимките од надзорните камери утврдил дека не биле почитувани процедурите и побарал авионот да се врати.

„Ер Србија“ потврди дека авионот бил вратен по добиена информација од надлежните аеродромски служби за потребата од дополнителни безбедносни проверки поврзани со еден патник. Компанијата не го именуваше патникот.

По слетувањето се огласи и Вулин, кој потврди дека бил во авионот, но категорично ги отфрли информациите дека ги избегнал безбедносните проверки.