Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Пробиштип и Здружение на социјални работници на Македонија потпишаа меморандум за соработка

Општина Пробиштип и општинските установи (основните и средното училиште, детската градинка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пробиштип и општинските установи (основните и средното училиште, детската градинка и јавните установи), како и ОО на Црвениот крст потпишаа меморандум за соработка со Здружението на социјални работници на Македонија, со цел воспоставување заеднички пристап и координирано делување во областа на социјалната работа, социјалната политика, зелената социјална работа, детската и социјалната заштита и други области од заеднички интерес.

– Целта е навремено препознавање на потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите и децата преку меѓуинституционална соработка, размена на искуства и градење посилна мрежа на поддршка во локалната заедница. Во насока на дополнително зајакнување на институционалната соработка општина Пробиштип потпиша меморандум за соработка и со ЈУ Центар за социјална работа-Пробиштип со цел унапредување на меѓусебната координација, заедничкото дејствување во областа на социјалната заштита, превенцијата, поддршката, ресоцијализацијата и реинтеграцијата на децата во локалната заедница-соопштуваат од општина Пробиштип.

Во соопштението  се додава дека остануваат посветени на одговорно и системско делување и грижа за своите граѓани, особено за оние на кои им е потребна дополнителна поддршка.

Реклама