Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ објави конкурс за плаќање на половина од партиципацијата за редовни студенти од социјално ранливите категории

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип објави конкурс за избор на редовни студенти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип објави конкурс за избор на редовни студенти од социјално ранливи категории кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за академската 2026/2027 година.

Во соопштението од УГД-Штип се вели дека право на конкурирање на конкурсот има секој редовен студент кој запишал зимски семестар по првпат на прв циклус на студии во учебната 2026/2027 година и припаѓа на некоја од следниве категории: само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените; починат родител;родител/и на кој му е одземено родителското право или е исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и обврски;двајца студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со родители со минимални месечни примања.

-Апликантот треба да има креирано кориснички профил на УЈП во ЕППД системот. Во спротивно, нема да се реализира погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година.Спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој конкурс ќе ја прави Комисијата за финансии, инвестиции и развој при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и еден претставник на студентите (претседател на студентски парламент или студентски правобранител)-соопштуваат од УГД-Штип.

Реклама

Апликациите се поднесуваат до: Архива на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А, со назнака: до Комисија за финансии, инвестиции и развој (документи по Интерен конкурс за избор на редовни студенти од социјално ранливи категории). Апликациите се поднесуваат до 6 ноември. Листата на прифатени и одбиени кандидати се објавува на огласна табла, односно интернет страницата на УГД-Штип најдоцна до 23.11.2026 година.