Започнаа градежните работи за реконструкција и рехабилитација на главната и најфреквентна улица Маршал Тито во Неготино, информираше градоначалничката Марија Нацева.
Со проектот е предвидена целосна реконструкција на улицата на потегот од Градската библиотека до новиот кружен тек на излезот од Неготино кон Кавадарци.
– По децении, започнавме со изведување градежни работи за реконструкција со рехабилитација на главната и најфреквентна улица Маршал Тито во Неготино. Комплетно ќе се реконструира оваа улица на потегот од Градската библиотека, сѐ до новиот кружен тек на излезот од Неготино кон Кавадарци – напиша Нацева на нејзината Фејсбук-страница.
Градоначалничката информираше дека вредноста на проектот изнесува 15.818.518 денари со ДДВ, пари обезбедени од Владата преку аплицирање на Општината со проект од вториот јавен повик за реализација на проекти во општините.

