Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Порака на СМС па директно на шалтер за подигнување на пари од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Порака на СМС па директно на шалтер за подигнување на пари од сметката во Алта Банка Битола. Вака накусо ќе изгледа постапката за Битолчани кои немаат картички во Алта Банка. Од утре до сабота 3.500 пензионери и 5.550 приматели на социјална помош во филијалата во центарот на Битола ќе можат да подигнат по 20 илјади денари. Како што соопштија од Народната Банка која го презеде работењето со банката, ова е мерка со која треба да се опслужат што е можно поголем број клиенти. Шалтерите кои ќе работат во главната филијала ќе бидат наменети искучиво само за подигнување готовина и нема да се вршат дополниелни транскации.

„Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање“, соопштија од НБРМ.

Битола е само почеток. Вакво решение се подготвува и за филијалите на банката во другите градови.Привремената администрација во Алта банка бара решение и за компаниите коишто имаат пари во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси. Рокот за ова е краток со оглед на законската обврска за исплата на плати и придонеси најдоцна до 15 ти во месецот. Коммпаниите кои имаат сметки во оваа банка можат да вршат исплати и да примаат уплати но само во рамки на внатрешниот систем на банката. Привремено се блокирани и исплатите кон странство. Од вчера тече и рокот до надлежниот регулатор во Србија со кој се бара информација, дали акциите на АД Алта Банка Битола, кои ги поседува српската Алта Банка ќе ги понуди на продажба. Ако не се изјаснат во предвидениот рок, согласно македонските закони тоа ќе го стори Народна Банка која веќе соопшти дека имало и заинтересирани купувачи. За јавноста е важно што и привремената администрација, констатира дека нема милионски одливи од банката, како што со денови се шпекулира во јавноста. Вкупните трансфери од АЛТА банка Битола кон Србија минатата недела се околу 180 илјади евра. Приливите од Србија, пак, се 16 илјади евра.