Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Половина помалку сообраќајни несреќи и жртви во 2030 отколку во 2024 – цел на страрегијата за безбедност на патиштата

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030, која Собранието ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030, која Собранието ја донесе во септември, денеска беше официјално промовирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), кој ги претстави клучните чекори, мерки и цели за унапредување на безбедноста на сообраќајот и зачувување на човечките животи, главните приоритети и зацтаните цели што ги содржи документот.

„Секој живот е важен“ е мото на Стратегијата чија цел е во наредните четири години, односно во 2030 година, да бидат за половина намалени бројките на сообраќајни несреќи и на жртви во однос на 2024, која за стратегијата се зема како референтна година со најголем број сообраќајни несреќи и жртви во измиантите пет години.  

Според анализата соджана во Стратегијата, тенденција на пораст имал бројот на сообраќајки од 2020 до 2024, кога годишниот просек бил околу 7900, со тоа што во 2020 година имало 7215, а во 2024 нивниот број се зголемил на 8457. Со смртни последици во 2020 и 2021 имало 115 и 106 несреќи, по што следувало благо зголемување на 117 во 2022, 118 во 2023 и 124 во 2024 година.  До 2030 се очекува постепено намалување на бројот за  50 отсто во однос на 2024. 

Реклама

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека  во фокусот е човечкиот живот и целта е до 2030 година да се преполови бројот на човечки жртви споредено со 2024, а заклучно со 2050 година, рече, согласно со светската и европската стратегија, да имаме нула жртви во сообраќајот. Очекува резултати од стратегијата зашто таа е, рече, одличен документ креиран од многу професионаллци и со вклученост на повеќе институции.

-Знаеме дека тоа е многу тешка мисија и многу тешка задача, но Македонија покажа, особено во оваа година, со имплементирање на сите активности, дека може да биде една од најдобрите држави во насока на подобрување на условите во сообраќајот и намалување на човечки жртви. Така што, навистина длабоко сум уверен дека е реална и остварлива првичната цел – до 2030 година половина од жртвите коишто ги имавме во 2024 година – рече Тошковски. 

​Посочи дека на патиштата има многу критични  точки и оти МВР заедно со РСБСП работи интензивно на нивно точно утврдување и санирање, а особено се фокусирани на црните точки каде што има загуби на човечки животи. Но додаде и дека драстично се намалува бројот на сообраќајни незгоди со поставувањето камери со системот „Безбеден град“ од февруари годинава. 

Во изминатите 35 години во Македонија, рече, има катастрофален годишен просек на човечки жртви, кој е помеѓу 145 и 150, а години  со најмал број жртви во сообраќаајот биле 2001 и 2021.

-Тоа биле одлични години, но, за жал, не може да бидат репер зашто во 2001 имавме војна, а во 2021 – корона. Но, она што го направивме досега покажува дека бројките оваа година се драстично подобрени во сооднос со претходните години. Заклучно со октомври, за жал, имаме 85 жртви, но тоа е драстично помалку од претходната година кога сме имале 117 и драстично помалку од сите останати години. Според анализите, 16 години наназад, заклучно со октомври, сме имале секогаш трицифрена бројка на жртви. Оваа година имаме драстично помалку – истакна Тошковски кој е убеден дека со придонес на сите граѓани и посветеност на институциите во оваа година „ќе дојдеме до најдобар резултат во историјата на Македонија“. 

Стратегијата ја претстави Никола Дујовски, член на координативното тело за изработка на стратегијата, кој изјави дека основната цел е за овој краткорочен период од четири до пет години да бидат преполовени страдањата во сообраќајот.

​- За да го постигнеме тоа, предвидовме многу клучни чекори коишто како општество мора да ги направиме. А тоа е зајакнување на координацијата помеѓу сите надлежни институции, не само владини, туку и во невладиниот сектор. Отвораме еден широк фронт во којшто секој може да придонесе да имаме побезбедни патишта. Мора да се градат патишта коишто ќе одговорат на потребите на управувањето со возило во 21 век, патишта коишто ќе ни ги заштитат граѓаните, да не ни се случи повеќе да страдаат возачи и други учесници во сообраќајот поради пропусти во изведувањето, поради лошата документација итн. На крајот на стратегијата се предвидени конкретни активности за секоја институција. Акцискиот план е навистина богат со мерки со задачи коишто треба да се исполнат за да се реализира сè што е предвидено – рече Дујовски.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, стратегијата го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот.

-Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа – истакна министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап.

Посочи дека МОН во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на наставните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема.

Јаневска ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации.