Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ќулавкова: Политичкиот говор на омраза се злоупотребува за блокирање на евроинтеграциите на Македонија

Политичкиот говор на омраза се злоупотребува за блокади при евроинтеграциите на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичкиот говор на омраза се злоупотребува за блокади при евроинтеграциите на Македонија, вели академик Катица Ќулавкова и нагласува дека е парадокласно и според неа би било „непоправлива политичка и историска грешка“ во ситуација кога и во некои сериозни европски држави, вклучително и во Централна Европа, се отвораат прашања за иднината на Унијата, Македонија да бара членство по цена на откажување од сопствениот историски, национален и културен континуитет.

Македонија според Ќулавкова во никој случај не треба да подлегнува, не од националистички некакви побуди, туку од принципиелни политички позиции, засновани врз меѓународното право и општоприфатените меѓународни конвенции затоа што мора има институционален реципроцитет.

– Ако дојде до внесување во Уставот, без да се внесат Македонците во бугарскиот Устав, тогаш ние веќе немаме она што некои наши политичари велат „да бидеме сигурни и имаме гаранција дека повеќе нема да има никакви барања“. Не треба да имаме повеќе никакви барања, доволно е ако ние ова го направиме, ние да признаеме стотици граѓани од бугарско потекло поименично во Уставот како конститутивен фактор на државата, а тие нема да нè признаат, ниту обични здруженија на македонската популација во Бугарија, мислам дека ќе дојде до една крајна диспропорција и мислам дека во тој случај говорот на омраза, диплотамски и дискретен, нема да биде само брутализиран со вулгарни искази на социјалните мрежи, туку ќе биде еден чин на брутално однесување кон државата Македонија – изјави Ќулавкова во изјава за медиумите пред почетокот на научниот собир „Негирањето на политичката легитимност на македонската нација и посебноста на македонскиот јазик како форма на политички говор на омраза“, во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

Реклама

Ќулавкова исто така нагласува дека со преспанскиот договор прифативме дефиниција што, според нејзино толкување, го стеснува и редуцира македонскиот идентитет и неговиот историски континуитет.

– Се откажавме од континуитетот од пред таканареченото доаѓање на Словените за кое нема никакви докази. Значи, прифативме дека имаме историја само од 9 век од нашата ера. Сега, со самото прифаќање на протоколите, ние како да се доближивме до другата екстремна позиција кога редуцираме голем дел од својата културна и словенска историја и прифаќаме дека сме само признати како конструкт по војната како еден вид конвенционална, како да кажам, група, измислена нација, која нужно не мора да ги содржи атрибутите македонскиот народ и македонскиот јазик – изјави Ќулавкова.

Затоа, нагласува Ќулавкова, Македонија не смее да го продолжи овој процес и треба да отстапи од погрешно потпишаните протоколи.

– Како тоа ќе го направи државата, тоа е веќе прашање на државните органи – изјави Ќулавкова посочувајќи дека униите се краткотрајни и може да се укинат, но нацијата постои илјадници години.

Според Ќулавкова, не смееме да се откажеме од сопствените интереси, кои се многу поголеми и позначајни од моментата политичка цел за членство во Европската Унија.