Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол издадена од нашата земја за извршено кривично дело тешка кражба.
Според грчката полиција, полицајците од Одделението за сузбивање и расчистување кривични дела, вчера во вечерните часови, во центарот на Солун уапсиле „43-годишен странски државјанин, по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол – Македонија, поради кривично дело тешка кражба, согласно одредбите од Кривичниот законик на наведената земја“.
Во рамки на секојдневните контроли и патроли на полицајците во Солун, со цел спречување и сузбивање на криминал, како и за расветлување на различни кривични дела, биле уапсени повеќе лица, меѓу кои и 43-годишниот, кој се барал од македонските власти.
Уапсениот, се очекува да биде изведен пред надлежните власти за да започнат процедурите за негова екстрадиција.

