Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио

„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски, победи на Филмскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски, победи на Филмскиот фестивал во Токио. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио гран при“ (Tokyo Grand Prix). 

Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија по „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција 1994.

Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита официјалното образложение на жирито.

Реклама

– За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ликови, за сложениот, но кохерентен филм, кој истовремено успева да биде трогателен и разигран, големата награда на Токио – Наградата на гувернерот на Токио за најдобар филм – му се доделува на „Сестра, брат и шахта“ – истакна Ролф де Хер.

Манчевски ја сподели радоста од освоената награда и им се заблагодари на сите што верувале во создавањето на филмот. 

– Многу ми е мило што светот ја сака нашата шахта. Благодарност до феноменалната екипа, глумците, финансиерите, спонзорите – за довербата во еден чуден филм. Ете пример дека истрајноста и правдата победуваат. Напред, шахта!“ – изјави Манчевски по доделувањето на гран при наградата.

На свеченото затворање на фестивалот наградата ја подигнаа главните актери во филмот Сара Климоска, Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев.

По доделувањето на наградата, на сцената се обрати и продуцентот на филмот, кој во име на авторската и продуцентската екипа им се заблагодари на сите што верувале во проектот и го поддржале неговото создавање.

– Во Токио дојдовме со шахта, а во Македонија се враќаме со оваа прекрасна награда. Мислам дека ова е навистина добра зделка! Од неизвесноста дали воопшто ќе успееме да го снимиме филмот до оваа вечер, кога стоиме тука, во Токио – навистина поминавме долг пат. Голема благодарност до сите што веруваа во нас и нè поддржуваа на тој пат. Галина Тонева, Ју-Фаи Суен, Светлана Левичева… – еве нè тука. Благодарност до Меѓународниот филмски фестивал во Токио, кој веруваше во нашиот филм и до жирито што му ја додели оваа прекрасна награда. Аригато гозаимас!“ – изјави Ќортошев.

Годинава, на Токискиот меѓународен филмски фестивал (TIFF) пристигнаа 1.892 филмови од 112 земји и региони. По ригорозен процес на селекција, во натпреварувачката програма беа избрани 15 филма. Жирито на натпреварувачката програма, предводено од австралискиот режисер Ролф де Ер, го сочинуваа филмски професионалци од Австралија, САД, Јужна Кореја, Јапонија и Франција.

„Сестра, брат и шахта“ е чудна комедија за оние што имаат и оние што немаат – во исто време лута сатира и суптилна поема за брат и сестра кои живеат на маргините на општеството. Филм за антихерои кој – во стил на Милчо Манчевски – отфрла секаква жанровска класификација, мамејќи и солзи и смеа. Иако се случува во денешна Македонија, филмот содржи универзално размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

Ова е негов деветти долгометражен игран филм. Во 2026 година тој го реализираше и долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ за трагедијата во Кочани, со што во иста година претстави два филма пред меѓународната публика.

Освен Агенцијата за филм која го поддржа филмот, „Сестра, брат и шахта“ го помогнаа и националните филмски фондови и приватни инвеститори од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија, како и македонски компании и културни институции.ж

Главните улоги во „Сестра, брат и шахта“ ги играат Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева, Стефан Николовски, како и Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција. Директор на фотографија е Стефано Фаливене од Италија. Кастинг директорка е Милка Анчевска, костимите се на Жаклина Крстевска, а шминката на Бистра Кечиџиева од Бугарија. Продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

Филмот се снимаше со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје. Копродуценти се Гала филм од Бугарија, Сенс продакшн од Србија, Амаркорд продакшн и Аугустус колор од Италија, Беркли медиа груп од Англија и Тирана филм институт од Албанија.