Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Промовиран „RALF AI“ – дигитален консултант што за половина ќе им ги скрати работните процеси на фирмите

– Изготвување завршна сметка, даночна пријава, анализа и читање закони, договори, резултати,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Изготвување завршна сметка, даночна пријава, анализа и читање закони, договори, резултати, сметководствени услуги, се само некои од опциите што ги нуди алатката „RALF AI“, наменета за компаниите. Овој дигитален консултант, што беше промовиран денеска во Стопанската комора, е базиран на вештачка интелигенција и, според креаторите, ќе им го скрати работното време на фирмите за 50 отсто.

„RALF AI“ ќе биде достапен 24 часа, на македонски и на албански јазик. Не е наменет да ги замени процесите, туку да ги забрза. Нуди паметни и брзи одговори, па тоа што се чекало со часови, сега, како што беше речено, ќе се сведе на неколку минути.

Сметководители, правници, адвокати, административци, се само мал дел од профилите кои ќе може да го користат „RALF AI“.

Реклама

-„RALF AI“ ќе ви го скрати работното време за половина, но, сепак, вие ќе мора да го контролирате. Нема да ве замени, туку ќе ви помогне, значително ќе ви го забрза работниот процес. Ќе имате фантастично читање на законите и уште многу други придобивки. Личните податоци остануваат тајна, никој не може да ги користи, освен ако системот не биде хакиран, рече Горан Рафајловски, сопственик на “Рафајловски консалтинг”, компанијата што ја изготви дигиталната алатка.

Како што истакна претседателот на Комората, Бранко Азески, во бизнисот работите одат многу брзо и тој тренд мора да се следи.

-Работиме на сите фронтови. Денеска сме со вештачката интелигенција. Имаме и ние што да кажеме, да користиме најдобри решенија. Кога ќе ме прашаат како ја гледам Комората за десет години, велам дека овие простории нема да постојат, се ќе биде автоматизирано и вработените ќе одат кај фирмите, а не обратно. Нашето оружје се вика упорност, рече Азески, напоменувајќи дека технолошкиот напредок во земјава нема право на заостанување. 

„RALF AI“ е специјализиран за консултации во областите на правото, финансиите, сметководството, банкарството, осигурувањето и администрацијата. Платформата овозможува одговори на стручни и деловни прашања, анализа на финансиски биланси, пресметка на даночни обврски и изработка на стручни мислења.