Наместо да им помогне на граѓаните, настапот на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер венко Филипче само долева повеќе масло на огнот во случајот „Алта Банка“. Ширењето паника и влевањето несигурност меѓу граѓаните кои имаат пари таму, може само да ја докрајчи банката и целосно да ја уништи. Веројатно и тоа можеби е целта на опозицијата, за да преку овој случја се обиде да го дестабилизира монетарниот систем, да предизвика социјален револт, кој потоа преку некакви си протести кои би ги уновчил во политички поени.
СДСМ и Венко Филипче зборуваат за организиран грабеж од 150 до 180 милиони евра, сомнежи за потеклото на капиталот, наводни трансфери од над 50 милиони евра, па дури и за поврзаност на банката со криминал и трговија со дрога – сето Без поткрепа и без докази. Наместо институционална проверка и внимателно толкување на финансиските податоци, ваквите тврдења се пласираат во јавноста на начин што може дополнително да го вознемири населението и да ги натера штедачите на избрзани одлуки.
Дел од овие наводи беа оспорени од гувернерот Трајко Славески, кој ги објасни податоците за трансакциите и јавно оцени дека прес-конференциите на СДСМ придонеле за создавање недоверба и дополнителен притисок врз банката.
Економските експерти, пак, предупредуваат дека мешањето на политиката во банкарскиот сектор може дополнително да ја зголеми загриженоста кај граѓаните. Според нив, клучни се транспарентноста, јасните информации од регулаторот и објаснувањето на последиците од преземените мерки.
- „Политички ориентации и ставови, и секогаш гледаат да искористат одредени ситуации во своја полза. Во овој временски период, секако, најважно е работите да ги гледаме што почисто и појасно. Регулаторот треба да настапи, но и претставници на стручната јавност треба да го објаснат процесот, да појаснат какви се последиците и каков ќе биде конечниот исход. Јас се надевам дека потенцијалните заинтересирани купувачи на банката ќе се водат од билансите и финансиската состојба на банката. И претходно постоеле заинтересирани инвеститори кои сакале да влезат на овој пазар, така што сметам дека во тој домен, пред сè, ќе преовладуваат комерцијалните мотиви“ вели Кирил Миноски – поранешен министер за финансии.
И економистот Павле Гацов предупреди дека обидите за анулирање на изјавите на гувернерот може да дополнително да ја продлабочат недовербата кај граѓаните и да создадат непотребна паника. Според него, политичките пораки и злорадите објави не смеат да ја надвладеат институционалната одговорност, а евентуалното масовно повлекување на депозитите може да им донесе директни финансиски загуби на штедачите.
- „Некоректните политички изјава и злорадоста во некои објави треба да се анулираат со јавен СТАВ на гувернерот на НБРМ, воведување на засилен надзор над работењето на македонската АЛТА банка заради премостување на психозата предизвикана од ваквите некоректности… Подлегнувањето на хушкачката атмосфера и брзањето да се подигнат депозитите ќе создаде големи загуби за депонентите заради задржување на вкупната примена камата од почетокот на депонирањето“.
Тука е и обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека дел од стратегијата е со ширење на паника да и ја намалат цената на банката за може бизнисмен близок до Филипче и Заев ја преземе што поевтино.

