Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Приведен Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ во Србија

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат дека Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат дека Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ во Србија, бил приведен ноќеска, по полицискиот претрес во просториите на банката, кој траел повеќе од 30 часа.

Според нив, претресот започнал во саботата, истиот ден кога Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа на банката. Не се наведени причините за приведувањето на Мацура, ниту податоци за евентуални сомневања за кривични дела и за наодите од претресот.

Давор Мацура поседува голем број компании – лично или преку други фирми. Во написите се потсетува дека Народната банка на Србија поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против правното лице „Алта банка“ – А.Д.

Реклама

Белград и неколку одговорни лица на таа банка, која беше прогласена за банкротирана. Обвинителството, според написите, наведува дека кривичната пријава им е доставена по е-пошта и дека од Министерството за внатрешни работи и Службата за борба против организираниот криминал е побарано итно да дејствуваат и да го проверат целото работење на банката и сите околности што доведоа до одземање на дозволата за работа.