Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Кривични пријави за вработена и раководител на смена во Прифатен центар за странци за тешка кражба и полово вознемирување

Полициски службеници во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север се осомничени дека извршиле „тешка кражба“ и „полово вознемирување“.

Кривичните пријави се поднесени против вработената Б.Д. за тешка кражба и против раководителот на смена со иницијали Б.М. за полово вознемирување.

– Првопријавената, на работно место полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28.09.2026, за време на посета во Прифатниот центар за странци, од мајката на привремено задржано женско лице одзела еден златен и еден сребрен прстен и 3.000 денари кои ги пронашла при преглед во чантата на привремено задржаното лице. Второпријавениот, раководител на смена во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 30.09.2026, при извршување на работните задачи влегол во собата каде што била сместена привремено задржаната, со вербално и физичко дејствување, како и преку користење електронски средства за комуникација, изразувал сексуална страст и вршел други дејствија кои јасно потсетуваат на сексуален однос со што го повредил достоинството на оштетената, предизвикувајќи ѝ чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, а која во моментот била во состојба на подреденост – информира МВР.

Реклама

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Б.Д. и Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.