Двојните аршини на Филипче и СДСM повторно на виделина. СДСM и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДСM, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев.
Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.
Истата Еуростандард банка, за која власта на СДСM и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат.
Ете затоа им е криво на СДСM и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.

