Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

ИНОВА со јавен повик за избор на организации за поддршка на претприемништвото

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА објави јавен повик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА објави јавен повик за избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото, кои ќе учествуваат во реализацијата на програмите „Поддршка за самовработување“ и „Ваучерски систем на советување“.

За спроведување на програмските активности предвидени со Годишната програма за работа на Агенцијата за 2026 година се обезбедени вкупно 60,2 милиони денари, наменети за поддршка на идните претприемачи и унапредување на работењето на микро, малите и средните претпријатија.

Од вкупниот износ, 57.775.000 денари се наменети за поддршка за самовработување, а 2.500.000 денари за Ваучерскиот систем на советување.

Реклама

Преку програмата за самовработување, невработените лица и потенцијалните претприемачи ќе добијат поддршка за претворање на своите бизнис-идеи во конкретни деловни иницијативи, вклучително и преку подготовка на бизнис-планови и започнување сопствен бизнис.

Ваучерскиот систем на советување, пак, ќе овозможи пристап до специјализирани консултантски услуги за постојните компании, со цел надминување на деловните предизвици и поттикнување на нивниот понатамошен раст и развој.

Право на учество на јавниот повик имаат правни лица, фондации за поддршка на претпријатија и здруженија за микро, мали и средни претпријатија кои располагаат со соодветен стручен кадар, релевантно искуство, воспоставени партнерства и потребни технички и просторни капацитети.

Избраните организации ќе склучат тригодишни договори со ИНОВА и ќе добијат статус на овластени организации за деловна поддршка, со што ќе се вклучат во системот за советување и поддршка на претприемништвото.

Рокот за пријавување е 15 дена од објавувањето на јавниот повик, односно до 13 ноември 2026 година. Пријавувањето се врши електронски преку Националниот портал за електронски услуги.

Целосниот текст на јавниот повик и придружната документација се достапни на веб-страницата на ИНОВА: https://inova.gov.mk/јавен-повик-бр-1-2026-за-пријавување-и-избор.